Од вторник исплата на пензиите за јуни

18

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26.06.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.06.2023 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.06.2023 година (вторник);
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2023 година (четврток) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок).
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content