Одржана 50-тата седница на општинскиот Совет

5

Советниците ги усвоија Програмата за работа и финансискиот план за 2021 година на ЈКП „Пазари“, а дадоа согласност и за финансискиот план и измените на годишниот план за вработување во 2021 година на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Исто така, усвоена беше и Одлуката за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП-Прилеп, за период од 01.07.2020 година до 30.09.2020 година.

 

На денешната седница, членовите на општинскиот Совет ги изгласаа и заклучоците за усвојување на Збирниот извештај за проценетата штета на подрачјето на општина Прилеп од невремето во деновите 17, 19 и 25 август 2020 година. Покрај земјоделски површини во градот, со невремето беа зафатени и
повеќе населени места во општината, меѓу кои и Ерековци, Канатларци, Мажучиште, Селце, Присад и др. Со невремето беа погодени земјоделски култури на површина 284 хектари, а вкупната проценета штета изнесува 45.308.000 денари.

„Зелено светло“ доби и Одлуката за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште, за изградба на училишна спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“.

Советниците ги изгласаа и Решенијата за измена и дополнување на Решението за формирање на комисиите за општествени дејности и правата на децата, за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, како и комисијата за родова еднаквост, а едногласно беа изгласани и
дополнувањата на Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп. На седницата беа усвоени повеќе барања на граѓаните од општина Прилеп, за легализација на бесправно изградени објекти.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content