Одобрен третиот пакет проекти и договори за 34 општини

42

Владата на Македонија на денешната тематска седница за 3-та група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ, го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ.

Третиот пакет опфаќа 34 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните од опфатените општини со овој пакет и со нив се заокружува реализацијата на програмата ТАВ.

 

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со изведба на проектот – Инвестиција во подобрување на Терминал на Аеродром Скопје и Инвестиција во модернизација и проширување на Терминал на Аеродром Охрид, од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје и го усвои текстот на Договорот.

Овој договор произлегува од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за склучување на Анекс на договорот за концесија за промена на намена на дел од средствата кои концесионерот на двата аеродроми ТАВ ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во близината на Штип.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content