Одложен „Пиво Фест“ во Прилеп, организаторите лути

26

Во официјалното соопштение од страната од фестивалот, стои дека 20-то издание на „Пиво Фест” се одлага за следната 2024 година, со нова локација и нов концепт.

„Прилепчани и пошироката јавност. Сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023 се одлага за следната 2024 год, со нова локација, концепт и содржина на програмата. Образложение; На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на ПИВО ФЕСТ 2023 Прилеп. (Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се подржи и одржи фестивалот??)“, соопштија од организацијата.

Според нив оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е предоцна донесена.

„Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11. 2022 и во Април 2023 до Општината за организација и локација на ПИВО ФЕСТ 2023 сеуште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023 год. спречен е да се одржи. Се извинуваме до Прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на ПИВО ФЕСТ 2024, ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ. Со почит Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара Пиво Фест“, завршуваат од организацијата во својата објава на Фејсбук.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content