Одберете една од струките на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп (Промо видео)

33
#УчиПаметноРаботиСтручно е проект кој носи повеќе бенефити за младите и економијата во земјата. ✅
👉 Ја намалува младинската невработеност, обезбедува квалификуван кадар за компаниите и го намалува јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на труд.
👉 Од оваа година со конкретна поддршка за учениците и подобри услови за нив се развива средното стручно образование.
🧒👩📖Дуалното образование нуди одлична можност во процесот на учење да се стекнеш со вештини кои се клучни за работењето на терен.
Стручното образование обезбедува брзо и квалитетно вработување по завршување на образованието, а за компаниите квалитетен и обучен кадар со кој ќе ја подигнат продуктивноста.
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“
Во прва година ќе се запишат 254 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Земјоделско-ветеринарна струка – 93 ученици, 3 паралелки
 -агротехничар / техничар за агроменаџмент – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА
*(соработка со компанија Тутунска Комбинат АД Прилеп, АГРОИНВЕСТ ДООЕЛ Прилеп, Институт за тутун Прилеп)
– техничар по ветеринарна медицина
– техничар за фитомедицина
 Градежно-геодетска струка – 34 ученици, 1 паралелка
– геодетски техничар/ градежен техничар/ архитектонски техничар
Хемиско-технолошка струка – 59 ученици, 2 паралелки
– прехранбен техничар – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА
*(соработка со компаниите Млекара Мики, Дониа Дооел, Стара Фурна Дооел)
– техничар за заштита на животната средина / хемиски лабораториски техничар
Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка
– техничар за очна оптика
Здравствена струка – 34 ученици, 1 паралелка
– медицински лабораторискo санитарен техничар
Како новина оваа година:
👉Отвораме 2 дуални паралелки со практична обука во компании
👉Учениците во дуална паралелка ќе добиваат стипендија од 3.500 денари месечно
👉Ученици од прва година од земјоделско-ветеринарна и градежно-геодетска струка ќе добиваат стипендија од 2200 денари месечно
👉Отвораме паралелка од Здравствена струка
Медицински лаборант🥼💉👨‍⚕️👩‍⚕️
🖊 Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни:
• од 14ти до 17ти јуни,
• од 23ти до 25ти јуни,
• на 30 јуни 2021.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content