Локално
Одбележан 23 Октомври
Градоначалникот Илија Јованоски, новоизбраниот Борче Јовчески, претставници од ОК на ВМРО ДПМНЕ и други политички партии, денеска го одбележаа Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.

При тоа беа положени цвеќиња пред пред спомениците Методија Андонов Ченто, на Ѓорче Петров и Пере Тошев, како и на гробот на Топев во Стара црква.
Беше посочено дека Македонската револуционерна организација е формирана на 23 октомври 1893 година во Солун, а овој ден од 2007 година се празнува како државен празник.