Ова се новите овлacтyвања на инcпектopите, внимавајте на казните

62

Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.

Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект.

 

Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите).

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content