СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

“Те дуа, жими мене” доаѓа во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 29.09.2023 / петок/ од 20.00 часот во киното МИС СТОН премиерно ќе биде прикажан филмот „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“.

Влезници на билетарницата од киното четврток и петок од 10 до 13 часот и два часа пред проекцијата на филмот

СОДРЖИНА:

Маалски џанак, коцкар и армоникаш, трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија, стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

За филмот

-Филмот е социјална комедија што обработува плејада тематики, почнувајќи од лажна љубов преку пријателство, религија, феминизам, криминал, па сѐ до вистинска љубов. Би рекол дека филмот под лупа ги набљудува различностите, сѐ со цел на површина да го извлече она што е заедничко меѓу нив, а тоа е човечката емоција што нѐ поврзува сите нас. Се работи за приказна што следи тројца другари што се впуштаат во патувачка авантура низ која се среќаваат со разни ликови што чекорат на раб на сатира со цел да ги карикатуризираат целните групи што ги претставуваат. „Те дуа, жими мене“ зборува за горчливи работи на сладок начин – вели сценаристот и актер Никола Кузелов.

Глумци: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова

Режија: Марјан Гавриловски

Траење на филмот: 124 Минути

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content