Објавен протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија

50

Владата на денешната седница го донесе протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот. Овој протокол го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските што организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа на медиумските работници, а воедно и на сите присутни.

Содржи два дела, општи генерални насоки, кои се однесуваат на сите јавни настани на кои организаторот предвидува медиумско присуство, и посебен дел, кој се однесува на настани што се во организација на владини институции, односно на нив има присуство на владини претставници.

 

Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот е изготвен во координација со Комисијата за заразни болести, со Здружението на новинарите на Македонија и со Самостојниот синдикат на новинарите на Mакедонија и во консултација со министерствата и другите ресори во состав на Владата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content