СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Објавен конкурс за учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование

Педагошката служба денеска објави Конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки.

Министерството за образование и наука информира дека објавениот конкурс е во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во средното стручно образование.

Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

-Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и тој треба да биде изработен според наставниот план и програми за соодветната година, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование, соопшти МОН.

Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 27 јуни 2022 година.

Во конкурсот се содржани информации  условите и критериумите за учество, потребната документација и начинот на доставување на ракописите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content