Објавени добитниците на стипендија за средношколци од Спортската академија

25

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во Државното средно училиште „Спортска академија“ за учебната 2022/2023 година.

Објавен е списокот со 156 ученици кои ги исполнуваат условите од Конкурсот. Добитниците на стипендии треба до 21 ноември 2022 да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука, кој е достапен на веб-страницата на МОН.

-Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата, наведува МОН во објавата на резултатите.

Стипендијата за ученици во ДСУ „Спортска академија“ е во месечен износ од 3.500 денари и се добива во текот на учебната година сè додека корисникот ги исполнува условите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content