Обуки за руралните жени за зголемување на нивните вештини

56

Како што соопшти денеска Рурална коалиција, ќе бидат насочени кон подобрување на условите за постигнување поголема економска независност на руралните жени. Ќе се залагаат за поголема информираност и вклученост на руралните жени во искористување на мерката 115 за поддршка на руралниот развој преку програмата за рурален развој и ИПАРД фондовите.

Од организацијата најавуваат дека ќе организираат обуки и едукации за руралните жени со цел зголемување на нивните вештини и знаења за социјално претприемништво и бизнис планирање и ќе продолжат да се борат против дискриминацијата на жените во руралните средини преку едукација за намалување на стереотипите и предрасудите. Како посебно значаен аспект во делувањето го посочуваат учеството во иницијативи со кои ќе се промовира родова рамноправност.

Постигнувањето на поголема родова рамноправност и справување со постојаните нееднаквости, многу често, значи да се работи различно со жените и мажите, да се препознаат различните пречки со кои тие се соочуваат, но и различните потреби, приоритети и аспирации, велат од организацијата.

Заложба на Рурална коалиција е постојано да го промовира концептот на родово-одговорно буџетирање при дизајнирањето на сите јавни програми и политики, со посебен акцент на тие кои имаат за цел да го унапредат животот на граѓаните во руралните средини и посебно жените, со што ќе се намали нееднаквоста меѓу половите и ќе се поттикне поголема економска активност од жените и ќе се обезбеди нивна оддржлива економска независност.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content