ОБНОВЕНО: Познато од каде е момчето, кое вечерва беше избодено до смрт во центарот на Прилеп

77

По расправија помеѓу група на млади луѓе, следела прво физичка пресметка, а потоа со повеќе убоди од нож избодено е момче од населеното место Сенокос, општина Долнени.

Според првичните информации, момчето (А.Д.) е на возраст од околу 15-16 години.

Несреќниот настан се случил пред деветтокатницата во строгиот центар на Прилеп, по што момчето се обидело да побегне од напаѓачите. Очевидци тврдат дека тоа стигнало до поранешниот хотел “Скопје”, каде паднало и починало.

Засега не се познати сторителите на овој грозен чин, ниту и причините кои претходеле на трагичниот настан.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content