Локално
Нов советник за млади на градоначалниот Јовчески
Деновиве тимот на Јовчески се засили со нов кадар кој има задача да се грижи за квалитетот на животот на младите во нашата општина.

Гоце Бумбароски важи за истакнат педагог во Прилеп, вработен во ОУ”Кочо Рацин”. Оваа функција ќе ја извршува паралелно со советничката. Очекуваме резултатите да бидат очигледни во најкраток рок.