Нов протест на културните работници пред влада

30

Денеска во период од 13 до 15 часот, пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, повторно преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.

Реагираат дека во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.

Вработените во овие три институции, како што велат, бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content