СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и „Некст тајм“ во Тетово

Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата „Го сакам Тетово“, со настапи на Ламбе Албаковски и „Некст тајм“.

Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во Жена парк, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство.

Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата.

Иницијативата „Го сакам Тетово” најавува и други настани во текот на летото.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content