Ново движење на македонската дијаспора – Слободна Македонија

65

Членови на основачкиот одбор на Слободна Македонија се Игор А. Александров (Сиднеј), Ристо Попов (Мелбурн), Ицо Најдовски – Перин (Мелбурн), Коста Николовски (Сиднеј), Александар Шапкароски (Перт), Нестор Огинар (Њујорк), Драган Стоиловски (Женева), Димитар Тодоровски (Сиднеј), Новица Ангелов (Сиднеј), Марјан Трајкоски (Милтон, Австралија).

Во соопштението се вели дека „движењето Слободна Македонија се залага за ослободување на автохтониот македонски народ во сите делови на неговата окупирана татковина, Македонија, преку:

1.     Ослободување и заштита на суверената македонска држава Република Македонија, со враќање во сила на нејзиниот граѓански Устав, слободно усвоен на 17 ноември 1991 година, како и нејзиното национално знаме, слободно усвоено на 11 август 1992 година.

2.     Ослободување и заштита на Македонската православна црква, чија самостојност е прогласена на 18 јули 1967 во Охрид, Македонија, како дело на вековната македонска национално-ослободителна борба.

3.     Укинување на нелегитимната примена на: Времената спогодба од 13 септември 1995 и Преспанскиот договор од 17 јуни 2018, меѓу властите на Република Македонија и Грција; Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001; Договорот за ‘добрососедство’ меѓу властите на Република Македонија и Република Бугарија од 1 август 2017  и  Уставот на Република Северна Македонија прогласен во јануари 2019 како противправни, репресивни и антимакедонски акти, кои се коруптивно наметнати спротивно на слободната волја на носителите на суверенитетот на Република Македонија и се косат со универзално-кодифицираните човекови права и слободи.

4.     Поттикнување на граѓански отпор против политичката корупција и репресија во сите држави кои владеат со делови од Македонија, вклучувајќи ги Република Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.

5.     Издигнување на свеста дека Македонците имаат подеднакво право со сите други припадници на човештвото на своја суверена граѓанска држава и на почитување на меѓународниот Закон за човекови права, сочинет од следните акти на Обединетите Нации: Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот договор за економски, социјални и културни права, Меѓународниот договор за граѓански и политички права.

6.     Издигнување на свеста за потребата од владеење на правото во сите држави кои окупираат делови на историската македонска татковина, како и во други држави кои ги поддржуваат окупаторските угнетувачи на македонскиот народ.

7.     Истражување, проучување и ширење на вистината за заедничките историски страдања, борби и достигнувања на македонскиот автохтон народ“, се вели во соопштението потпишано од Игор А. Александров, претседавач на Основачкиот одбор на движењето Слободна Македонија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content