СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Од среда замрзнати цени на 11 производи овошје и зеленчук

Владата на денешната седница ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот, кои ќе почнат да се применуваат од среда, 5 април. Опфатени се 11 производи за кои се утврдени највисоки цени со важност до крајот на месецот.

„Свежите домати не може да се продаваат за повеќе од 70 денари, свежите краставици не може да се продаваат повеќе од 75 денари, кромидот не може да се продава повеќе од 60 денари, карфиолот не може да се продава повеќе од 7о денари, зелените пиперки не може да се продаваат повеќе од 90 денари, гравот не може да се продава повеќе од 75 денари, леќата не може да се продава повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 75 денари, портокалите не повеќе од 55 денари, мандарините не повеќе од 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари“, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој уверува дека во согласност со сите анализи цените на прехранбените производи и на енергентите се стабилизирани и има тренд на намалување во споредба и со претходните месеци и претходната година.

За производите што сега добија замрзнати цени, министерот Бектеши вели дека заедно со Министерството за земјоделство и со Царинската управа направиле целосна анализа, која покажала дека некои производи во март имале маржи од 250 %.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content