Нови пет дена за поднесување на барања за субвенции во земјоделството

0

Ова значи дека сите земјоделци кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, истото ќе може да го сторат веќе од денеска па се до 30- ти  септември.

Барањата за добивање на финансиска поддршка како и претходните години и овој пат се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

 

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека како и досега и овој пат  земјоделците кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

-Апликантите да го запазат новиот дополнителен рок а при поднесување на барањата да проверат дали во барањата ги пријавиле сите култури кои ги одгледуваат и дали им се впишани сите мерки за кои бараат финансиска поддршка. Доколку некој од земјоделците увидат дека направиле пропуст или пак ако увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањата може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето- апелира директорот Бабовски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content