Нова хаварија, од утрово РЕК Битола не произведува струја

37

Утрово околу три часот пукнала цевка во Блок 1 во РЕК Битола.

Пред два дена во РЕК Битола избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3. Тогаш официјално беше соопштено дека за производство на струја нема да се користи блок 3, туку ќе се рестартира блок 2.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата деновиве за 5,5 милиони евра купила 26.000 мегавати струја. „Доколку се употребеа за домашно производство за тие пари ќе се произведеше 4 пати повеќе струја или над 100.000 мегавати“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара од Владата прогласување кризна состојба. Тој тврди дека рестрикции не се потребни.

Власите најавуваат дека од декември треба да стартува и ТЕЦ Осломеј, а сценарио се прави и за ТЕЦ Неготино. А од пред извесен период во функција е ставена и хидроелетраната Маврово, како и хидроелектраните Црн Дрим, Треска и Тиквеш, гасната елекрана Енергетика-Скопје и ветерниот парк Богданци.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content