Нова година – што всушност празнуваме

56

И покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е се уште присутна, овој 31 декември граѓаните се организираат да ја прослават Новата година на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, рестораните, пабовите, за разлика од лани кога состојбата со вирусот поттикна воведување на рестриктивни мерки и забрани.

Таква не е состојбата во некои земји, кои сепак, забранија прослави на отворено, го откажаа дочекот на Новата година и воведоа рестрикции.

Од минатата недела на скопскиот плоштад може да се забележат новогодишни украси кои за првпат не го чинат Градот Скопје, туку се на грбот на општествено одговорни компании. На самиот плоштад се поставени и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“.

Средствата, пак, кои биле планирани за новогодишната прослава, ќе се пренаменат за социјално ранливи категории. Неодамна, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изјави дека тие средства е подобро да се дадат на оние кои немаат ниту за храна во овие денови.

За новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, Градот организира прослава со македонски музички изведувачи. Според програмата, вечерва од 21 часот, на скопскиот плоштад ќе можат да се слушнат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и ди-џеј Славе.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content