СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Вработените од обложувалниците и казината на протест пред Собрание

Дел од вработените од обложувалниците и казината излегоа на протест пред Собранието против измените на Законот за игри на среќа.

Предупредувачкиот протест доаѓа по повеќе најави дека доколку продолжи носењето на Законот, вработените ќе излезат на улица.

Поводот е закажаната седница на Комисијата за европски прашања каде на дневен ред е второ читање на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Предлог законот, согласно Заклучокот од првото читање на седницата одржана на 27.12.2023 г., беше изгласан за прифатлив, со што истиот денеска се наоѓа на натамошно, односно второ разгледување, што е на чекор пред конечно донесување на пленарна седница во Парламентот. Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени, велат од Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content