Млинарите и земјоделците во клинч околу цената на лебот

32

Претседателот на Асоцијацијата, Перо Стојкоски вели дека остро ќе се спротивстават зашто до крајот на јануари наредната година, за потребите имаат домашна пченица од 26 милиони килограми, откупена по 10, 5 денари за да се заштити домашниот стандард.

Пченицата речиси 80 насто е веќе откупена по цена од 10, 5 денари за килограм. Верувам дека е и исплатена, но, уште при откупот реагиравме дека цената на пченицата е ниска. Но, таа наша реакција не беше прифатена со објаснување дека имаме евтин и квалитетен леб. Имајќи предвид дека и ние сакаме да имаме евтин леб, ја прифативме таа цена од 10,5 денари за килограм. Откупот на пченицата заврши, сега веќе имаме најава за зголемување на цената на брашното, на лебот и на белите печива, но и за зголемување на цената на откупот на пченицата. Но прашуваме која пченица, која е веќе откупена. Во земјава немаме потреба за увоз на пченица до крајот на јануари наредната година. Дотогаш имаме наша пченица откупена по 10,5 денари и дотогаш не треба да се зголемува цената на лебот – вели Стојкоски.

Млинарите бараат да  се зголеми цената на лебот при откупена пченица по 10,5 денари за килограм.

Во земјава, како што објаснуваат од Асоцијацијата, се произведуваат околу 260 милиони килограми што се доволни до крајот на годинава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content