СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Нема да се рушат дивоградбите само на социјално загрозените категории

Предлог законот за легализација на бесправно изградените објекти ќе ги опфати само објектите на социјално загрозените категории.

Предлог законот предизвика бурни реакции во јавноста, претседателот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише и законот сега повторно ќе треба да се најде пред пратениците. Нова од свои извори дознава дека овој закон пред да стигне на пленарна седница за гласање ќе претрпи измени така што крајното законско решение ќе ги опфати само дивоизградените објекти на граѓаните во социјален ризик.

ДКСК вчера организираше онлајн јавна дебата за уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти. На дебатата беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои да се повлече актуелниот Предлог закон за легализација на бесправно изградените објекти, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се изработи ново законско решение во кое точно ќе се прецизира кој и каков објект, како и каде и под кој услови ќе може да се легализира.

 

Претеседателката на ДКСК, Билјана Ивановска не крие оти Комисијата била изненадена кога законот бил изгласан во Парламентот.

Учесниците на јавната дебата побарале итно повлекување на законското решение, особено поради фактот што согласно процедурите остануваат само 30-тина дена за измени на постојното законско решение пред Собранието повторно да го разгледа, кои според учесниците на дебатата не се доволни за да се спроведе јавна расправа и да се вметнат сите забелешки од стручната фела.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content