СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

ЕП во ракомет: Без ограничувања во Унгарија

Максимално дозволената исполнетост на трибините за натпреварите кои во рамки на претстојното Европско машко ракометно првенство ќе се играат во Словачка ќе изнесува 25 отсто од капацитетот, додека дуелите кои ќе ги организира кодомаќинот на завршниот турнир Унгарија, каде групната фаза ќе ја одигра и македонската репрезентација, ќе бидат без ограничувања за бројот на гледачи, соопшти ЕХФ.

Одлуката да се лимитира капацитетот за дуелите во Братислава и Кошице, како што наведе Европската ракометна федерација (ЕХФ), е донесена поради зголемениот број заразени со коронавирус во Словачка.

Засега без ограничувања остануваат салите во Будимпешта, Сегед и Дебрецин во Унгарија.

Европското првенство во Словачка и Унгарија ќе се одржи од 13. до 30 јануари.

Македонската ракометна репрезентација своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Дебрецин, а прв противник на „црвено – жолтите” ќе им биде Словенија, в четврток со почеток во 18 часот. 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content