Локално
Невреме со град со големина на лешник го погоди Прилеп
Невреме кое траеше 15-тина минути проследено со град и грмежи го погоди предмалку Прилеп.

Градот наместа беше со големина на лешник, а засега не е познато дали и колкави штети има предизвикано невремето врз земјоделските култури.