СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Oтворени 13 позиции за општинско корисна работа во Прилеп

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Прилеп, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.06.2022 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата за Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Во служба на заедницата преку Општинско – корисна работа“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари бруто износ месечно за времетраење на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на: Работно место од 1: Негувател/ка во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп. Нега на деца од претшколска возраст. Позиции за работно место 1: 9 (девет) позиции

Потребни квалификации и занимања: Минимум ССС, Со или без работно искуство, Важечка лиценца за негувател за деца во детска градинка, Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно). Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Работно место 2: Негувател/ка во Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“. Нега на стари и изнемоштени лица. Позиции за работно место 2: 3 (три) позиции.

Потребни квалификации и занимања: Минимум основно образование, Со или без работно искуство, Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно). Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Работно место 3: Негувател во Дневен центар „Ѕуница“. Нега на деца со посебни потреби. Позиции за работно место 3: 1 (една) позиција.

Потребни квалификации и занимања: Минимум ССС, Со или без работно искуство, Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно). Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 09.06.2022 година до 16.06.2022 година, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Винета Иваноска [email protected], Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп кај лицето Јасмина Николоска, Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Јасминка Митреска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content