На матурантите од средно медицинско им се нуди работа, скоро никој не прифаќа

6

Иако училиштето честопати се појавува во улога на посредник и обезбедува вработување во клиниките каде што учениците ја реализираат практичната настава, понудата за вработување најчесто се одбива. Директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу тоа го објаснува со одлуката на матурантите образованието да го продолжат на некоја од високообразовните установи, а не е за занемарување ниту трендот за напуштање на државата поради примамливите понуди за работа во странство.

Техничкиот кадар кој е подготвен веднаш по матурирањето на влезе на пазарот на труд, не покажува интерес за вработување. Тоа се виде и по можноста да изберат помеѓу полагање на стручен испит или државна матура, која што им ја отвора можноста да се запишт на факултет. Речиси сите избраа да полагаат државна матура, и регуларно се пријавија во предвидениот рок за полагање. Оттаму доаѓа и проблемот со недостаток на медицински сестри, објаснува Салиу.

 

Таа потенцира дека добредојден е кадарот од останатите образовни институции кои нудат вонредно образование за медицинска доквалификација или преквалификација, но ногласува дека мора да се почитуваат стандардните образовни кодекси и да се внимава на квалитетот на стекнатото знаење, кое вклучува теоретска и практична настава, која дури и во време на пандемија и онлајн образование, мора да се одвива.

Уште на почетокот на годинава добивме план за реализација на наставата кој предвидува практичната настава да се извршува со физичко присуство. Беа донесени дополниелни протоколи за реализација на наставата, која досега одлично се реализира.  Практична настава е предвидена за учениците од трета и четврта година, дел се реализира во клиниките и останатите здравствени установи со кои имаме соработка, додека дел се извршува во училиштето, додаде Салиу.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content