На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, дури 16,2 проценти се изјасниле дека тоа е Мицкоски, кој двојно го води Димитар Ковачевски, во кој пак веруваат само 8,7 проценти од испитаниците.
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.