Најубавите велигденски пораки

106

Светото јајце Христово што денес куќата ви ја краси, нека ви донесе многу здравје, среќа и од секакви маки нека ве спаси среќни празници на сите.

Ова е најубавиот македонски празник. Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас љубовта, искреноста, добродушноста, и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само свои. Имајте среќни празници!

Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. Христос воскресе!

Да го празнуваме животот денес.
Да го воскреснеме Исус во нашите срца.
Да ги отвориме душите за љубов и радост.

Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше, па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна!

Нека светлината на Христовото воскресение ви ги осветли вашите срца, а неговата бесконечна љубов, го благослови вашиот живот и вашиот дом. Христос воскресна!

Денес, нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата вечна радост – воскресна од мртвите! Нека ни е за многу години празникот христијани. Христос воскресе!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content