СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Xiaomi го престигна Apple во Европа

Xiaomi може да се пофали со многу добри резултати на европскиот пазар, а најновата статистика покажува дека кинеската компанија сега е втор најпопуларен бренд на Стариот континент.

Кинеската компанија Xiaomi бележи постојан раст во последната деценија и го етаблира својот бренд на светскиот пазар. Xiaomi неодамна ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2022 година, а анализата покажува одлични резултати и на европскиот пазар.

Компанијата објави дека брендот сега е втор најпопуларен на европскиот пазар, со што Xiaomi го престигна Apple. Според извештаите, Xiaomi сега држи 27,7% од пазарот во Европа, зад Samsung и пред Apple.

Во светот, Xiaomi е во Топ 3 на 55 глобални пазари за испораки на телефони за вториот квартал од 2022 година и во Топ 5 на 67 глобални пазари. Компанијата оствари квартален раст на пазарите на Блискиот Исток, Европа, Латинска Америка, Југоисточна Азија и Африка.

Xiaomi значително го зајакна и инвестираше во својот оддел за истражување и развој во последниве години за да се позиционира како премиум бренд на пазарот и е се поблиску до преземање на водечката улога и да стане најпопуларниот бренд за паметни телефони во светот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content