Најнов скандал во кланот на Ахмети: Османи и Бектеши на влада му дале концесија за хидроцентрала на внукот на Али

86

Внукот на Али Ахмети кој само поради неговиот претприемачки дух без да даде еден денар доби десетина милиони евра сопственост во ТЦ Соравија од владата која ја диригира неговиот вујко добил и концесија за хидроцентрала.

Концесијата за енергетскиот објект вреден најмалку еден милион и двесте илјади евра меѓу другите на влада е изгласан од најблиските соработници на Али Ахмети министерот за економија Крешник Бектеши и Бујар Османи високи функционери на ДУИ.

На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река, пишува порталот мкд.мк.

Хидроцентралата е во кичевскиот регион од каде се Али и Дрин Ахмети но и министерот за економија Крешник Бектеши.

Концесијата е објавена во Службен весник. Две недели претходно, на владина седница на која присуствуваат министрите Бујар Османи и Крешник Бектеши, Владата решава да се даде концесија на Еверест ЏД на Дрин Ахмети. Концесијата е на 23 години за изградба на хидроцентрала со моќност од 387 kw, а предвидената инвестиција е 1,2 милиони евра, објави мкд.мк.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content