СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Четиринаесет починати и 1.285 новозаразени од ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања, а регистрирани се 1.285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27 и еден во Крушево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 176 оздравени пациенти од Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3 и по еден од Гевгелија, Струмица и Демир Хисар.

 

Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52), еден од Битола (75), двајца од Кичево (66 и 71 години), еден од Крива Паланка (47), еден од Штип (62), еден од Свети Николе (76), еден од Радовиш (66), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82), еден од Гостивар (78) и еден пациент од Кавадраци (21). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14.661.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content