Најмногу поплаки за онлајн купување

9

Потрошувачите најмногу се жалат за купување преку интернет, велат од Организацијата за заштита на потрошуваци. Дневно во просек добивале по 5 поплаки за нерегуларности И прекршени права на купувачите, но најчесто станува збор за купување преку Фејсбук или другите социјални мрежи.

Од Организацијата за заштита на потрошуваци предупредуваат дека продажбата преку Фејсбук најчесто е нелегална, купувачите ги добиваат производите на домашна адреса, но не добиваат фискална сметка за нив. Со тоа нема начин како да се заштитат. ОПМ апелира при купување преку интернет да се проверуваат продавачите пред да се направи нарачка за производ или услуга.

 

Во однос на деновите кога има големи попусти, како што е Black Friday, кога се создаваат гужви по продавниците во обид да се купи нешто по пониска цена, од ОПМ велат дека останува на совеста на граѓаните дали во време на пандемија ќе излезат да пазарат кај што има гужва или ке останат дома и ке го заштитат своето и туѓото здравје.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content