Најдоцна до март пристигнува првата пратка на вакцини во Македонија

37

Приоритет ќе им се даде на лекарите и сестрите кои работат со болни од корона, лицата над 65 години, хронично болните со белодробни и кардиоваскуларни заболувања, вработените од критичната инфраструктура и транспортот.

Вакцината ќе се прима во две дози во веќе постоечките вакцинални пунктови и ќе биде незадолжителна, кажа денеска министерот Филипче. Веќе се преговара и за дополнителни 800.000 дози преку Европската унија. Понуди за дистрибуција на нови дози стигнале и од компании од Полска и Грција.

 

Само лица во добра општа состојба ќе може да се вакцинираат. Ова важи и за оние кои веќе го прележале вирусот. Децата ќе бидат исклучени од вакцинирање. Првите ефекти вакцината треба да ги даде неполн месец по примање на втората доза.

Граѓаните со различно расположение околу КОВИД вакцинирањето. За едни вакцината е небезбедна, други би ја примиле без размислување.

Вакцините ќе се чуваат во посебни фрижидери кои од САД треба да стигнат по Нова година. Набавната цена на вакцината ќе чини 10 долари, а за граѓаните ќе биде бесплатна.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content