СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Засадени околу 500 садници во прилепско

DRӒXLMAIER со успешна акција за пошумување во пресрет на Денот на пролетта

Вработените во DRӒXLMAIER Македонија, во пресрет на Денот на пролетта -21 март, успешно ја реализираа акцијата за пошумување во месноста Песиобрце во околината на Прилеп. Во соработка со јавното претпријатие „Национални Шуми“ подружница Прилеп, беа засадени околу 500 багремови садници.

Во насока на развивање на свеста за грижата на животната средина, DRӒXLMAIER заедно со своите вработени продолжува да иницира и да организира бројни активности. Како и многупати до сега, вработените преку волонтерски пристап и многу мотивираност покажаа дека само со заедничко дејствување можеме да придонесеме кон заштитата на животна средина. „Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет. Преку реализацијата на ваквите акции заедно со нашите вработени сакаме да бидеме добар пример, но и да дадеме поттик за развивање на свеста за грижата на животната средина“, вели Лукас Мирингер, Управител на  DRӒXLMAIER Македонија и додава дека само со одговорно однесување сите заедно можеме да создадеме подобри услови за живот на сегашните и идните генерации.

Потребниот алат за реализација на акцијата за пошумување беше обезбеден од страна на јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Прилеп, а не изостана и стручната поддршка од локалниот тим од шумарски инженери. „Поради послeдните пожари, потребата од обновување на шумскиот фонд е видлива. Задоволство ни е што големите и општествено одговорни компании како што е DRӒXLMAIER иницираат вакви акции со што покажуваат особена грижа за заштита на животната средина“, вели Хилда Црнеска, инженер во прилепската подружница на ЈП „Национални шуми“.

Според Бранко Насески, вработен во DRӒXLMAIER, ваквите акции се одлична можност за меѓусебна дружба, но и за развивање на тимскиот дух кај вработените. „Навистина сум среќен што DRӒXLMAIER често организира активности за заштита на животната средина, меѓу кои и волонтерските акциите за пошумување. Драго ми е што денеска имав можност да засадам дрвца и да придонесам за убава и зелена животна средина“, гордо вели Борче Николоски, исто така вработен во DRӒXLMAIER.

DRӒXLMAIER продолжува во целост да ја следи својата стратегија за заштита на животната средина на начин што ќе придонесе за општото добро на заедницата во која делува. Претходно, вработените во DRӒXLMAIER, успешно ја реализираа акцијата за пошумување во месноста Страгово во регионот на Кавадарци, а во неколку акции за пошумување во изминатиот период беа засадени околу 10.000 садници.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content