СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Никако не јадете пилешко за новогодишната ноќ

Поставувањето на богата новогодишна трпеза нема за цел само да не нахрани, туку секое јадење треба да биде внимателно одбрано бидејќи со себе носи одреден симбол на среќа, благосостојба, напредок.

Покрај традиционалната руска салата, свинското печење, зелка салата, торта, на трпезата треба да се најде место за риба и грозје.

Еве кои се симболите на овие намирници.

Грозје

Грозјето пред се е симбол на здравје и сила, па се препорачува веднаш по 12 да изедете зрно грозје, за секој месец по едно, како во годината секој месец би биле здрави.

Риба

Бидејќи и за Нова Година трае постот, рибата би требало да најде место на вашата трпеза. Таа има симбол на движење без препреки, па ви наговестува година во која едноставно ќе пливате во сите работи.

Свинско месо

Свинското месо е симбол на богатство.

Зелка салата

Поради својата зелена боја симболизира на хармонија, природа и добра среќа како и долговечност.

Торта

Поради големото количество на шеќер кое го содржи, симболизира на слатка година.

Она што се препорачува е да избегнете новогодишна трпеза од животни со пердуви бидејќи имаат крила па симболизираат на среќа која ги напушта.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content