Спорт
„Напред Македонија“, олимпијците добија поддршка од Јапонците
Првата група од шест од вкупно осум македонски спортисти кои ќе настапат на Летните Олимписки игри, заедно со своите тренери и делегацијата од МОК, веќе пристигнаа во Јапонија.

Жителите на јапонскиот град Чигасаки, кој е одреден да биде домаќин на македонскиот олимписки тим, на фантастичен начин се подготвија да ги пречекаат нашите спортисти, па дури и научија македонски јазик и снимија видео во кое градоначалникот, неговиот заменик, но и обичните жители кажуваат дека ќе навиваат за нашите спортисти.
„Напред Македонија“, е главната порака која ја испратија Јапонците за Македонија.