Напразно „Врховниот командант“ се дереше „УЧК, УЧК!“ – Лика, еден од основачите на УЧК, му го сврте грбот и прејде кај Меџити!

96

Додека остарениот „Врховен командант на УЧК“ и самоумислен „Газда на Македонија“ Али Ахмети се дереше „УЧК, УЧК, УЧК“ воинствено и провокативно  кон Македонците и ВМРО ДПМНЕ од предизборниот митинг на ДУИ, намерно смислено токму од централниот плоштад „Македонија“ во Скопје, безмалку во исто време Хазби Лика – „Командант Чела“, еден од најважните „команданти“ и еден од основачите на УЧК и на ДУИ, му го сврте грбот на својот поранешен „воен шеф“ и партиски шеф – си замина во редовите на опозициското Демократско движење на Изет Меџити!

Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА објави: „Вчера, на 23 април 2024 година Хазби Лика – Командант Чела, еден од познатите команданти на УЧК, се сретна со Изет Меџити, претседателот на опозициската албанска партија Демократско движење и кандидат за пратеник од албанската опозициска коалиција ‘Вреди’. Лика ги поддржува партијата на на Меџити и коалицијата ‘Вреди’. Лика беше еден од основачите на УЧК, но и на ДУИ.“

Потоа ИНА ја пренесува објавата на Меџити на неговиот фејсбук-профил, придружена со фотографија: „Координација на ‘Вреди’со Хазби Лика – командант Чела. Тој беше и остана цврст во служба на борците, граѓаните и албанскиот народ!“

Кој е Хазби Лика? Во својата статија под наслов „Досие Хазби Лика: Командант, градоначалник, бунтовник, вицепремиер“, објавена на 29 мај 2017 година, „Фокус“ има напишано: „Хазби Лика е еден од најголемите бунтовници во ДУИ. Тој беше командант на 112-та бригада на УЧК за Тетово. По формирањето на ДУИ како партија, која произлезе од УЧК Хазби Лика беше и заменик- министер за внатрешни работи. Беше градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 година. Лика прерасна во еден од најжестоките критичари на раководството во Мала Речица. Тој сметаше дека ДУИ не ги исполнила основните цели, за кои, всушност, и била формирана.“

„Во 2015 година поднесе оставка на местото организациски секретар на ДУИ. Но во 2017  година стана вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, односно за спроведување на Рамковниот договор. Ахмети го постави, за да изгаси многу огнови во сопствената партија, повторно подавајќи му рака на речиси одметнатото лоби, кое популарно се нарекува крило на УЧК.

Е, сега, што ќе преземе „шефот на УЧК“ Ахмети откако „Командант Чела“ му го сврти грбот – останува да се види. Колку на еднаш веќе „одметнатото лоби“, односно на „крилото на УЧК“ им се „бендисуваат“ „бизнис-мисијата“ на нивниот „Врховен командант“ од 2001, изразена преку „Соравија“ и милионите евра, ставени во својот џеп и во џеповите на неговото семејство – и тоа останува да се види. На Хазби Лика тоа сигурно не му се допаѓа: затоа отсега натаму ќе пие кафе со Изет Меџити, а не со Али Ахмети и некогашните сопартијци од ДУИ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content