Направете ги уште денеска палачинките на светски познатиот готвач Гордон Ремзи

45

Во својот кулинарски арсенал, Ремзи има над 10-тина различни рецепти за подготовка на палачинки – од оние традиционалните, слатки и солени до разни зачински фантазии од јајца, брашно и млеко со егзотични додатоци како куркума, ѓумбир и кокос.

Успешноста на тие комбинации сепак зависи од доброто тесто за палачинки. Познатиот британски готвач признава дека совршената смеса се постигнува со тоа што сите состојки треба да ги мешате со маталка, а млекото треба постепено да го додавате во другите состојки.

 

Потребни состојки:

125 гр. брашно, 2 јајца со средна големина, 300 мл. млеко, прстофат морска сол, 1 лажица растопен путер

Начин на подготовка:

Помешајте го брашното со солта. Изматете ги јајцата со маталка. Во средина на брашното направете дупка, па додајте ги јајцата и растопениот путер. Полека додавајте го млекото во смесата со една рака, а со другата мешајте со маталка. Оставете го тестото малку да отстои. Загрејте ја тавата, додајте неколку капки масло и пржете ги палачинките на вообичаен начин.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content