Музичарите бараат да бидат дел од петтиот пакет мерки за финансиска помош

38

На средбата е анализиран петтиот пакет мерки на државата за финансиска поддршка, при што повторно е посочено дека музичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во постојните услови на криза затоа бараат вклучување во петтиот пакет мерки за финансиска подршка.

Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел на нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска помош, стои во соопштението издадено по состанокот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content