СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Моќта на јаболкото

Јаболкото можеби ја нарушило хармонијата во рајската градина, но каснувањето на вкусно јаболко не е никаков грев и може да влијае само позитивно на вашето здравје.

Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секој залак што ќе го изедете.

Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото.

Земајќи го ова во предвид, слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед, а еве како:

-Јаболка прават да имате побели и поздрави заби,

-Јаболката се сојузници на витката линија,

-Јаболката го помагаат варењето на храната,

-Јаболката го зајакнуваат имунитетот,

-Јаболкото го намалува холестеролот и делува позитивно на срцето и крвните садови,

-Јаболката ви овозможуваат подобро дишење,

-Јаболкото штити од различни видови на рак,

-Јаболката помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта,

-Јаболковиот оцет помага против првут.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content