СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Мерките од шестиот пакет во ист ден со протестот

Неповратна помош од 30 отсто на пресметаниот пад на приходите во април додека угостителите се затворени е една од мерките кои ќе биде соопштена денеска како дел од нов пакет економски мерки кои ќе се однесува на секторите кои не фунционираа поради последните рестрикции.

Ова значи дека на угостителските дејности за целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.

Најверојатно сега ќе изостане класичната помош со субвенционирање на платата мерка која се даваше во пакетите порано. ВО овој стимул ќе имасепак, како што најави синоќа вицепремиерот Фатмир Битиќи, помош за исплата на дел од платата на вработените во угостителството.

 

Владата најверојатно ќе прифати, ако се задржи позитивниот тренд на намалување на бројот на заболени да се отворат угостителските објекти со отворените тераси. Тоа им оди во прилог иако тие во периодов изразуваат силен револт, а за денеска туристичко угостителската комора најави и протест пред Министерството за финансии.

„Свесни сме дека затворање на одреден сектор има последици и затоа утре ќе ги донесеме економските мерки. Ќе одговориме соодветно, со сосема нов модел. Воедно сме подготвени исплатите од петтиот пакет да почнат веднаш, најбрзо што е возможно, зашто знаеме колку е потребно средствата да стигнат до граѓаните. Мерката е предвидена за 60.000 плати, за 60.000 работници или 120.000 за два месеца, а тоа се 120.000 семејства, рече синоќа Битиќи.

Тој очекува дека ќе има интерес во однос на бескаматните кредити за фирмите. Овој модел, рече, е добар и ќе им помогне на компаниите да ја подобрат ликвидноста, но не само сега, туку и понатаму да опстанат.

Според вицепремиерот, се креираат и законски решенија за даночни олеснувања кои годинава би се реализрале како мерки.

Инаку протестот на угостителите и туристичките работници е денеска на пладне. Протестираат околу 6.000 фирми од двата сектори и нивните вработени, а ќе им се приклучат и игротеките и многу други сектори кои се целосно затворени. Од комората повторија дека ќе останат на улица се додека не им се исполнат барањата.

„Се бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти поделени во три категории врз основа на бројот на вработените во 2020, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои веќе една година им е забранета нивната примарна дејност и кои со месеци немаат никаква помош, како и утврдување на мораториум, односно репрограмирање со грејс-период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка, сè додека не ни се дозволи да работиме без рестрикции“, вели Перица Голомеиќ од ТУК при ССК.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content