МОСКВА: „Ако продолжите, Европа ќе исчезне во нуклеарна апокалипса“

33

Тој во име на Русија порача дека Европа ќе исчезне во нуклеарна апокалипса ако Западот продолжи да ѝ испраќа проектили на Украина.

Володин, шефот на државната Дѕма, заканата ја испрати откако полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски кажа дека западните сојузници би можеле да му испратат дополнително оружје на Киев.

„Со вакви претставници Европејците ќе имаат многу посериозни проблеми од оние со кои се денес соочени. Сикорски провоцира нуклеарен конфликт во центарот на Европа. Во случај да го исполни тоа што го кажа, Европа нема да постои“, кажа Володин.

Сикорски кажа дека рускиот претседател Владимир Путин го прекршил Меморандумот од Будимпешта за гарантирање на безбедноста од 1994, „што ги оправдува западните испораки на оружје“.

Украина во 1994 се откажа од своето нуклеарно оружје преостанато по распадот на Советскиот Сојуз и се придружи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content