МОН објави повик за изградба и реконструкција на основни и средни училишта

24

Од МОН посочуваат дека пријавувањето од страна на Училиштето, Општината и Градот Скопје се врши со доставување на пополнет образец на Барање, имотен лист за училишниот објект кој е предмет на барањето и основен проект. Секоја Општина, односно Градот Скопје може да поднесат повеќе барања до МОН за реализација на проекти. Барањата во понатамошната постапка ќе бидат оценувани и соодветно рангирани од страна на комисија формирана со одлука на Министерот за образование и наука, а врз однапред утврдени критериуми.

Одбраните пректи ќе бидат дел од Програмата за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука за 2023 година.

Јавниот повик ќе трае до 10 август 2022 година до 16 часот, и тој е објавен на официјалната страна на Министерството за образование и наука.

За сите дополнителни прашања, субјектите за кои се однесува повикот можат да се обратат писмено до Одделението за капитални инвестиции, преку архивата на МОН (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, 1000 Скопје).

„Министерството упатува апел до Училишта, Општини и до Градот Скопје да ја искористат можноста и во интерес на учениците и на вработените во училиштата да аплицираат на повикот, со што стануваат потенцијални корисници на средствата кои Министерството за образование и наука ги обезбеди за подобрување на условите за следење и реализација на наставата“, додаваат од МОН.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content