МОН контра владината одлука: Неработните 24 април и 8 мај, училиштата сепак ќе ги одработуваат

58

Деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај, Владата ги прогласи за неработни и денови кои нема да се одработуваат. И покрај одлуката на владината седница одржана во вторникот, дека истата ќе важи за сите граѓани на територијата на државата, очигледно ова не важи за Министерството за образование.

Од МОН, како што објави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, до училиштата испратиле известување во кое се наведува дека овие денови сепак ќе се одработуваат со одржување на часови.

-Со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година се остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се одржуваат изборите ќе се надоместат со организирање на настава во следните денови:

-18 мај (сабота) со часови од денот 24 април 2024 година и 1 јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година

Воедно за училиштата кои се наоѓаат на територија на Град Скопје за денот 30 ноември 2023 (четврток), кога согласно Нацрт записникот од 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14 ноември 2023 година, се одреди како неработен ден за учениците од основните училишта на територија на Град Скопје, наставниот ден ќе се одработи на 15 јуни (сабота) во часови од денот 30 ноември 2023, се вели во известувањето пратено од МОН, а кое го објави Неделков.

Во неговата реакција тој го повика Министерството веднаш да го повлече испратеното известување до училиштата.

-Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече Известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат ,,неработните” денови, прогласени од Владата, заради одржување на престојните избори, пишува Неделков.

Претседателот на СОНК потсетува дека и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content