СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Познати полуфиналните двојки на Светското клупско првенство во фудбал

Баерн Минхен ќе игра против Ал Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Палмеирас и Тигрес.

Африканскиот првак закажа пресметка со актуелниот европски шампион, откако вечерва триумфираше над Ал Духал од Катар со 1:0. Единствениот гол на стадионот во Ал Рајан го постигна Хусеин Ел Шахата во 30 минута.

Претходно, пласман во полуфиналето и пресметка со јужноамериканскиот шампион Палмеирас закажа и првакот на КОНКАКАФ, мексикански Тигрес по победата над јужнокорејскиот Улсан со 2:1.

 

Мечот меѓу Палмеирас и Тигрес ќе се игра на 8 февруари, а ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Баерн и Ал Ахли.

Финалето на Светско клупско првенство во Катар ќе се игра на 11 овој месец.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content