МОН воведува нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година

97

Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Другата категорија пак, ќе биде наменета за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех.

Воведувањето на овие нови студентски стипендии значи проширување на можностите за финансирање на студирањето на младите и уште еднаш ја потврдува заложбата на МОН за подобрување на студентскиот стандард.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content