СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Инспекција влезе на Институтот за радиологија

Инспекција влезе на Институтот за радиологија, откако дел од незадоволните пациенти покрај информирањето на медиумите, одлучиле да се обратат и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Како што пишуваше вчера Курир.мк, на Институтот за радиологија пациентите со месеци не можат да добијат резултати за извршените снимања. Голем дел од нив се и онколошки случаи, а токму резултатите од Радиологија кои ги чекаат се клучни за нивното натамошно лекување. Во животната битка овие пациенти се попречени од колапсот што се случува на Радиологија за кој од Министерството за здравство се уште молчат.

Директорката на ДСЗИ, доктор Ирина Бухова во изјава за Курир открива дека во петокот добиле пријава од пациент, по што веќе во понеделникот (27.06.2022) излегле на терен за утврдување на состојбата.

Во ДСЗИ стигна претставка за неиздаден резултат за извршено снимање. Постапувајќи по Законот за здравствена заштита и Законот за права на пациенти извршен е вонреден инспекциски надзор при што констатирано е дека постојат неиздадени резултати на веќе извршени дијагностички процедури. Од страна на ДСЗИ по извршениот надзор, при кој се констатирани недостатоци согласно надлежностите на Инспекторатот, е издадено решение со кое установата се задолжува да се почитува рокот на важност на издадените упати, резултатите од извршените дијагностички радиолошки иследувања да се издаваат по завршување на иследувањето согласно медицина базирана на докази и да се почитуваат интерните општи акти од страна на вработените лица. Рокот за постапување е седум дена, вели Бухова за Курир.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content