Младата Јована ја испеа „Не плачи мајко, не жали“ (ВИДЕО)

39

Они што ја сакаат и ја чуствуваат Македонија како своја татковина, безразлика каде во моментов се наоѓаат на планетата Земја, сигурни сме дека ги лазат морници по целото тело кога го слушаат музичкото ремек-дело кое беше промовирано пред неколку дена со наслов „Не плачи мајко, не жали“.

Младата Јована Богдановска (16) од тетовско Брвеница е интерпретаторот на оваа стара македонска патриотска песна, која особено беше актуелна во 2001 година, а се разбира и наназад низ годините.

Не само што талентираната Јована ја изведува оваа песна, туку таа е носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев, а на кој ќе се најдат најубавите македонски патриотски песни.
Мора да се истакне дека овој проект кој е од големо значење за зачувување на духот и љубовта кон татковината, ќе заврши со концертна промоција до крајот на 2024 година.

„Искуството да бидам дел од еден ваков проект, од едно „РЕМЕК-ДЕЛО“ за мене претставува големо задоволство. Среќна сум што овој проект буди љубов и надеж за нашата прубава земја Македонија. Искуството беше преубаво пред се затоа што имав можност да работам со големи професионалци, а потоа и затоа што направивме нешто што ќе остане за навек. Најголем впечаток ми остави идејата и замислата која ја има продуцентот Темелко, затоа што кој и да го погледно спотот кој и да ја слушне песната не останува рамнодушен“ – вели младата Богдановска.

Како настанала идејата и како Јована е избрана да биде токму дел од овој голем проект, открива продуцентот Темелко…

„Пред два месеци на социјалните мрежи објавив јавен повик до сите артисти кои сакаат да творат песни со патриотска содржина да ми испратат снимки, а мегу нив беше и Јована. Да бидам искрен, не очекував буквално ништо посебно од 15 годишно девојче, но само што ја слушнав нејзината снимка, уште во првите 3 секунди го најдов тоа што го барав со години, како боја на глас и експресија… Имаше душа, имаше нешто повеќе од тонови, едноставно Јована е родена за ова. Уште одма почнав со оркестрација и разработување на песната, Јована ја изведе феноменално, буквално снимањето траеше 15 минути. Кога ја завршив песната и видов какво дело родивме се решив да направам и видео на сериозно високо ниво соодветно на песната“ – открива продуценетот Темелко и вели дека ова е само почеток. Допрва следуваат проекти од ваков карактер, акои се дел од музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“.

За песната беше снимен и прекрасен видеоспот во кој учествува професионална актерска екипа која допринесе да ја доловат суштината и пораката на стиховите во песната.

Инаку кратко по објавувањето на „Не плачи мајко, не жали“ на адреса на Јована веќе пристигнуваат покани за настапи, а она што веќе со сигурност може да се потврди е турнејата закажана за 2023 година во март во Австралија, но за тоа наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

Во студиото на продуцентот Темелко веќе привршува и новата песна, а едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека на младата Јована и се смешка блескава музичка кариера.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content